Свето езеро на Маите: Чудесен природен базен на чие дно се пронајдени секакви богатства

Точка

15/01/2021

11:54

4.209

Големина на фонт

а а а

Постојат многу причини зошто треба да го посетите мексиканскиот полуостров Јукатан, особено ако сте хедонист кој сонува за топли тропски краишта и бесконечни песочни плажи под палмите, со коктел во рака.

А, сега има уште еден мотив: живописното езеро Ик Кил во истоимениот археолошки парк во центарот на Јукатан. 

Иако од птичја перспектива изгледа како црна дупка во земјата, по малку застрашувачки и мрачно, станува збор за езеро во „дупка“ во земјата кое на фотографиите изгледа нереално убаво. Се наоѓа на речиси 30 метри под површината на земјата и има форма на тркалезен базен создаден за одмор и бегство од сè.


Додека лежите заштитени од карпите, погледот паѓа само во кристално тиркизната вода, зелените „завеси“ и небото. За да се одржи чистотата на ова чувствително подрачје, сите посетители треба да се истушираат во кабините пред да се капат, а знаците на влезот молат да не користат креми за сончање, производи за нега на кожата, па дури и шминка. Исто така, скокањето во вода не е дозволено.

До него се стигнува преку скали, а растенијата кои паѓаат од врвот до водата оставаат впечаток на зелени завеси или некои украси. Археолошкиот парк во кој се наоѓа се всушност мајански урнатини и остатоци, а Индијанците го сметале езерото за свето.


Тие го користеле за обреди на жртвување на Богот на дождот, Чаак, поради што на дното на езерото биле пронајдени многубројни примероци на индијански накит. Иако многумина ќе кажат дека жртвувале луѓе, археолозите нагласуваат дека тоа не било практика. Поверојатно е дека станува збор за гласини и нечиј обид да додаде малку мистика на ова место.

Денес ова место е сепак во тек со модерното време, затоа во близина се изградени ресторан, хотел и многубројни објекти за посетители, од кои секоја година има сè повеќе. Влезот се наплаќа само неколку долари за возрасни, па штета е да ја пропуштите оваа (се уште) поволна прилика за бегство во еден сосема друг свет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг