Жена споделила чуден начин на кој нејзиниот сопруг јаде пица: „Ќе мораш да се разведеш. Викам полиција“

Точка

14/01/2021

18:00

4.502

Големина на фонт

а а а

Секој од нас има некоја чудна навика која ја практикува од само за нас познати причини. Кога станува збор за исхраната, се чини дека не постојат многу начини на кои може да се изеде едно парче пица, но еден маж ги убеди корисниците на Редит во спротивното.

Неговата сопруга на оваа социјална мрежа им опишала на корисниците како сопругот го консумира јадењето во кое уживаат речиси сите, но она што ја изненадило биле негативните коментари, пишува „Mirror“. 

„Додека студиравме, мојот сопруг и јас заедно правевме пици, а тој откако ќе се испечеа, ги ставаше под млаз вода за побрзо да се изладат. Тврди дека тоа не го менува нивниот вкус“, напишала таа.


Рекла и дека заборавила на тоа сè додека сопругот не го повторил минатата недела.

„Обично проаѓаат 2 до 3 минути откако пицата ќе се испече. Тогаш ја сече на парчиња и ја става под вода. Кората не се натопува многу, а тој вели дека вкусот останува ист и дека не му е срам“, додала сопругата.

Таа објавила и видео во кое може да се види како сопругот го става парчето пица под млаз вода, а шокираните коментатори ѝ сугерираат да го остави.

Water pizza

„Подобро да викнеш свештеник, твојот сопруг е опседнат со демони“, „Жал ми е, но мора да се разведеш. Ќе повикам полиција“, гласат два од коментарите под објавата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг