Профилите на корисниците на „ТикТок“ помлади од 16 години автоматски ќе бидат приватни

Точка

13/01/2021

20:15

505

Големина на фонт

а а а

Профилите на корисниците на социјалната мрежа „ТикТок“ кои се помлади од 16 години, автоматски ќе бидат приватни, а тоа е резултат на мерките кои ги воведува популарната апликација со цел да ја унапреди безбедноста на децата.

Содржината на профилите на корисниците помлади од 16 години ќе може да ја гледаат само корисниците чие што барање за следење ќе биде одобрено, а со тоа ќе можат и да оставаат коментари на клиповите. Исто така, опцијата за преземање на клиповите од профилата на лицата помлади од 16 години ќе биде оневозможена.

Од „ТикТок“ порачаа дека се надеваат дека овие промени ќе ги охрабрат младите корисници „активно да се вклучат во патувањето кон онлајн приватноста“.


„Се надеваме дека ќе ги инспирираме да преземат поактивна улога и поинформирани да ги носат одлуките“, соопштија од „ТикТок“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг