Загрижувачки прогнози на СЗО: „Оваа година пандемијата може да биде полоша од претходната“

Точка

13/01/2021

20:03

2.449

Големина на фонт

а а а

Во најновиот извештај, организацијата наведува дека 5 милиони нови случаи на коронавирусот во светот биле забележани само минатата седмица.

„Втората година на пандемијата Ковид-19 би можела да биде потешка од претходната, со оглед на брзината на ширењето на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде што циркулира позаразен сој на вирусот“, соопшти денеска СЗО.

„Влегуваме во втората година на пандемијата која што може да биде многу потешка со оглед на фактот што вирусот се шири многу брзо“, изјавил претставникот на СЗО Мајк Рајан, пренесува „Ројтерс“.

СЗО во најновиот извештај наведува дека околу пет милиони нови случаи на коронавирусот забележани биле само минатата седмица.

„По празниците, во некои од земјите ситуацијата ќе биде многу полоша од претходно“, изјавила Марија ван Керкх, технички директор на СЗО за Ковид-19. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг