Путин нареди испитување на новите мутации на коронавирусот: Знам дека нашата вакцина е најдобра, но...

Точка

13/01/2021

20:44

3.964

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин наложи да се испита како руската вакцина против коронавирусот ќе делува во ситуација кога постојат повеќе мутации на вирусот.

На денешниот состанок со членовите на кабинетот, рускиот лидер истакна дека некои земји бележат пораст на стапката на зараза од очигледни причини – поради новите мутации на вирусот или поради немање на дисциплина за време на празниците.

Тој нагласил дека руската вакцина веќе покажала дека е најдобра на светот, но исто така додал дека темелните истражувања се од суштинско значење.


„Го знам мислењето на експертите. Знам дека веруваат дека нашата вакцина ќе делува и дека ефикасно ќе делува иако видовите на вирусот се разликуваат. Меѓутоа, потребни ни се детални истражувања“, изјави Путин и додаде:

„Сега е сосема очигледно, а и примената во пракса го покажува тоа – јас мислам дека руската вакцина е најдобрата на светот“, изјави Путин.

Според зборовите на рускиот претседател, ниту една друга вакцина не покажува толку големо ниво на заштита и безбедност како руската вакцина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг