Лекот „Ивермектин“ да се зема само со препорака на матичен лекар, порача Филипче

Макфакс

13/01/2021

12:14

1.875

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, порача дека лекот „ивермектин“ треба да се зема само со препорака на матичен лекар.

Овој лек се покажал ефикасен во лекувањето на Ковид-19, истакна министерот за време на отворањето на модуларната болница во Кичево.

„Ивермектин“ од вчера e достапен низ аптеките во земјата.

Од Министерството за здравство претходно посочија дека „ивермектинот“ се препорачува кај ризични групи – работници коишто имаат висок ризик да заболат, луѓето коишто биле во допир со заболен – потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени. Кај трите групи граѓани има различна индикација и различно дозирање затоа е важно апликацијата да биде под контрола на лекар.

Според мислењето на стручните лица, лекот е безбеден, но има интеракции ако се дава во комбинација со невролошки лекови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг