Д-р Ненад Лазаров тврди дека го нема лекот Ивермектин: „Еве лажна вест! Лекот го нема во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран“

Точка

12/01/2021

13:46

8.573

Големина на фонт

а а а

Доктор Ненад Лазаров, кој е дел од Асоцијација на специјализанти и млади лекари - АСМЛ, испрати директни критики до Министерството за здравство.

Имено, Министерот за здравство, Венко Филипче утрово информираше дека лекот Ивермектин од денеска е достапен во аптеките и истиот може да се земе со препорака од матичен лекар или специјалист.

Доктор Ненад Лазаров ги демантира овие тврдења, велејќи дека ова е лажна вест, дека лекот го нема во аптеки и ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени некакви препораки.

Еве лажна вест!

Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви...

Posted by Nenad Lazarov on Вторник, 12 јануари 2021

„Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи. Скандалозно е екскомуницирањето на цело примарно здравство, 80% од COVID19 тука се менаџира. Срамно е лажењето, а штетен е ефтиниот PR“, вели Лазаров во својата Фејсбук објава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг