Трамп прогласи вонредна состојба во Вашингтон: Ќе трае од 24-ти јануари

Точка

12/01/2021

13:24

1.897

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп одобри прогласување на вонредна состојба за Вашингтон која би требало да трае од 24-ти јануари, соопштија денеска од Белата куќа.

Тоа е вообичаено откако службите предупредија на безбедносни закани во текот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден во текот на идната седмица, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Вонредна состојба прогласи градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Боусер минатата среда посел упадот на поддржувачите на Трамп во зградата на американскиот Конгрес. Набрзо потоа се појавија информации дека се планираат нереди и за време на инаугурацијата на Бајден.


Како што пренесуваат американските медиуми, прогласувањето на вонредна состојба ќе му овозможи на Одделението за национална безбедност и Сојузната агенција за управување со вонредни ситуации да му помогнат на градот.

Боусер во неделата побара од в.д. секретарот за национална безбедност, Чад Волф да одобри декларација пред да дојде до катастрофа, како и да го продолжи ангажирањето на американската тајна служба за инаугурацијата од 11-ти до 24-ти јануари, наместо од претходно планираното од 19-ти до 21-ви јануари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг