Американски безбедносни функционери предупредуваат: Можна е ескалација на „вооружени протести“ ширум земјата

Точка

12/01/2021

11:31

1.159

Големина на фонт

а а а

Американски безбедносни функционери предупредија дека постои можност за вооружени бунтови ширум САД непосредно пред инаугурацијата на Џо Бајден која е закажана за 20-ти јануари.

Како што пренесуваат американските медиуми, постојат безбедносни извештаи за тоа дека вооружени групи планираат протести во 50 американски сојузни држави, како и во главниот град Вашингтон.

Истовремено, Демократите во Конгресот веќе утре планираат да гласаат за отповикување на претседателот Трамп, нешто што би можело дополнително да ги зголеми тензиите во Соединетите Американски Држави.

Безбедносни експерти наводно тврдат дека се прават напори за да не се повтори хаосот од 6-ти јануари кога поддржувачите на Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, при што животот го загубија пет лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг