Компилација на "BBC" од хаосот во Конгресот: Приврзаниците на Трамп рушеле сè пред себе

Точка

08/01/2021

20:35

3.373

Големина на фонт

а а а

Британски "BBC" објавил компилација од снимки кои со мобилен телефон ги направиле очевидци и приврзаници на претседателот Доналд Трамп при упадот во зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон.

Снимките прикажуваат хаотични сцени, како судири на демонстранти со полицијата и нивно качување по ѕидови на зградата на Капитол хил. 

На снимките се гледа како демонстрантите се обидуваат да ја пробијат полициската блокада и да влезат во зградата на Конгресот.

По неколку часа минати во Конгресот, снимките прикажуваат триумфално излегување на учесниците на протестот од зградата.

Се гледаат и напади на новинарски екипи, како и кршење на камери и друга опрема.

Компилацијата завршува со снимки на кои се гледа како полицајци во полна опрема успеваат да ги потиснат демонстрантите по воведувањето на полицискиот час во Вашингтон.

Трамп повеќе пати ги повикал демонстрантите да одат дома, повикувајќи ги да останат мирни и да ги почитуваат законите. Меѓутоа, сето тоа резултирало со воведување на вонредна состојба и полициски час, апсење на демонстранти, а загинале и четири лица.