Се огласи Трамп и призна дека Бајден е нов претседател на САД: Еве што им порача на своите поддржувачи

Точка

08/01/2021

09:32

2.398

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп призна дека Џо Бајден ќе биде идниот претседател на САД, еден ден после упадот на неговите поддржувачи во зградата на Конгресот.

Како што пренесува новинска агенција „АП“, Трамп кој во четвртокот наутро тврдеше дека изборите се украдени, навечер сепак соопшти дека ќе има непречена и мирна транзиција на власта.

„Конгресот ги потврди резултатите.Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20-ти јануари. Сега сум фокусиран да обезбедам непречен и мирен пренос на власта. Овој момент бара помирување и лечење на раните“, порача Трамп на видеото кое го објави на социјалната мрежа „Твитер“.

Трамп го осуди насилството и порача дека учесниците го осквернавиле седиштето на американската демократија. Сепак, не зборуваше за својата улога во поттикнувањето на насилството.

„Како и сите Американци, огорчен сум од самото насилство, безаконие и хаосот. Демонстрантите кои влегоа во Капитол го осквернавија седиштето на американската демократија. Веднаш ги ангажирав Националната гарда и полициските сили да ја обезбедат зградата и да ги исфрлат“, порача Трамп.

Претседателот на САД на крајот упати и порака до неговите поддржувачи.

„Вечна чест ми е да ви служам како претседател. На сите прекрасни поддржувачи им порачувам дека знам дека се разочарани, но исто сакам да ви порачам дека нашето извонредно патување штотуку почнува“, порача Доналд Трамп.