Еден ден по упадот на приврзаниците на Доналд Трамп, американскиот Конгрес ја потврди победата на Џозеф Бајден на американските претседателски избори.
Сцените што се случија вчера во Вашингтон, го обиколија и шокираа светот.
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како приврзаниците на Трамп по ходниците на зградата на Капитол бркаат афроамерикански полицаец.
На драматичната снимка може да се види полицаецот како ја предупредува групата да се повлече, но тие не се откажуваат.
Потоа тргнале кон него и почнале да го бркаат низ ходниците на зградата на Конгресот, сè до една просторија кога колеги му помогнале да полицаецот.