Се огласи и Ангела Меркел по упадот на демонстрантите во Конгресот

Точка

07/01/2021

11:59

2.194

Големина на фонт

а а а

Меркел приврзаниците на Трамп кои упаднале во зградата на Конгресот, ги нарекла "напаѓачи" и додала дека е сигурна дека Бајден ќе биде инаугуриран за претседател на САД за две недели.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изразила бес поради упадот на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот, а за тоа го обвинила Трамп што не го признал поразот од Бајден на претседателските избори. 

"Сите вчера видовме вознемирувачки глетки од упадот во американскиот Конгрес и овие глетки ме растажија и налутија. Жалам што од ноември минатата година претседателот Трамп не го призна поразот, како ни вчера", рекла Меркел на состанокот со германските конзервативци.

Меркел приврзаниците на Трамп кои упаднале во зградата на Конгресот, ги нарекла "напаѓачи" и додала дека е сигурна дека Бајден ќе биде инаугуриран за претседател на САД за две недели.

Четири лица настрадале, а 52 биле уапсени, откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднале во зградата Капитол за да го спречат Конгресот да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.