Погледнете ја снимката кога американска новинарка доаѓа до станот на руски агент за да го испраша за случајот со труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.
Новинарката на "CNN", Клариса Ворд, одлучила да ја посети куќата на еден од руските агентите кои се споменуваат во истрагата на западните медиуми во случајот со труењето на Алексеј Навални. 
Таа дошла до станот на Олег Тајакин во Москва, за кој се тврди дека е дел од единицата за хемиско оружје при Федералната служба за безбедност (ФСБ), за да му постави неколку прашања за тој случај.
Западните медиуми претходно изнеле тврдење дека таа единица три години го следела Навални пред да биде отруен на еден руски аеродром со новичок.
CNN's @clarissaward confronts Russian agent Oleg Tayakin at his home in Moscow over his alleged involvement in the attempted murder of Alexey Navalny:pic.twitter.com/lAeDJKir5R
— Alex Salvi (@alexsalvinews) December 15, 2020
Рускиот агент ја отворил вратата, а таа се претставила на руски и на англиски јазик. Сепак, тој не бил заинтересиран за разговор со неа.
Истиот момент кога слушнал дека новинарката го споменува Навални, тој веднаш ја затворил вратата, на што новинарката констатирала дека Русинот не е заинтересиран да разговара со неа.
"Дали вашиот тим го отру Навални? Имате ли било каков коментар?", прашала новинарката, по што рускиот агент ја "треснал" вратата.
 
                                






