Снимка на која свештеник ги повикува луѓето да не се вакцинираат прегледана речиси 300.000 пати

Точка

12/12/2020

12:11

5.121

Големина на фонт

а а а

На самиот почеток на видеото Иван Доминик Иличиќ нагласува дека неговите ставови не ги споделува само како свештеник, туку и како фармацевт.

Популарниот хрватски свештеник Иван Доминик Иличиќ, на својата страница на Фејсбук објавил петминутно видео во кое го кажува својот став за вакцинацијата против коронавирусот. Тој зборува за вакцината на "Pfizer" и за Оксфордската вакцина. За првата вели дека е многу опасно да се прими, додека за втората отворено ги повикува "верниците и луѓето кои го почитуваат животот" да не се вакцинираат со неа. 

На самиот почеток на видеото Иван Доминик Иличиќ нагласува дека неговите ставови не ги споделува само како свештеник, туку и како фармацевт. Имено, Иличиќ завршил Фермацевтско-биохемиски факултет во Загреб. Вакцината на "Pfizer", како што кажува на своето видео, не била доволно тестирана.

Неговото видео, според податоците на Фејсбук, го прегледале огромен број на луѓе - повеќе од 274.000. 3.700 луѓе го споделиле видеото.

На ова антиваксерско истапување на Иличиќ веднаш пристигнала реакција, и тоа од редовите на Католичката црква. Марино Нинчевиќ, свештеник од Задар, теолог, научник, професор и мисионер, на својот профил на Фејсбук напишал дека некои свештеници преку социјалните мрежи неодговорно ги повикуваат луѓето да не се вакцинираат.

"На тој начин не само што ги бунат и манипулираат луѓето, туку и ги доведуваат во опасност нивните животи", предупредува Нинчевиќ.

Во еден коментар под видеото пишува дека е жално што лице кое завршило фармација на овој начин шири дезинформации за вакцината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг