Ние се грижиме за нашите соседи: Фон Дер Лејен порача дека ЕУ ќе ги координира вакцините за Западен Балкан

Точка

11/12/2020

20:10

1.515

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лејен оцени денеска дека вакцинацијата против коронавирусот ќе спаси бројни животи и ги повика земјите членки на Европската унија, но и соседите, да се подготват за вакцинација на населението.

„Ние се грижиме и за нашето соседство. Европската унија ќе ги координира донациите на вакцини од земјите членки, а кои ќе имаат за цел да ги заштитат здравствените работници на Западен Балкан и нашето соседство“, изјави Фон Дер Лејен.

Таа додаде дека Европската унија моментално работи со „полна брзина“ за да ја процени безбедноста на вакцините и истите да ги направи достапни за граѓаните.


Фон Дер Лејен додаде дека очекува вакцината на „Фајзер“ да биде одобрена после проценката на Европската агенција за лекови до крајот на оваа година, а вакцината на фармацевтската компанија „Модерна“ до средината на јануари.

Европската унија досега склучи договори со шест фармацевтски компании кои вакцини произведуваат на територијата на Европа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг