АстраЗенека и Русија сакаат да ги комбинираат вакцините: Заедно до подобар имунолошки одговор

Точка

11/12/2020

21:10

2.388

Големина на фонт

а а а

Лабораторијата АстраЗенека и Русија денеска најавиле дека заеднички клинички испитувања во кои ги комбинираат нивните две вакцини против коронавирусот.

"Најавуваме програма на клинички испитувања за да можеме да ја процениме безбедноста и имуногеноста од комбинацијата од "ASD1222", која ја развија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд и "Спутник V", развиена од институтот за истражувања "Гамалеј"", соопштил огранокот на АстраЗенека во Русија и прецизира дека тестовите ќе бидат спроведени на лица постари од 18 години. 

Двете вакцини, "ASD1222" и "Спутник V", користат хумани аденовируси како вектори.

АстраЗенека се надева дека комбинацијата на двете вакцини ќе доведе до "подобар имунолошки одговор".

Русија тврди дека вакцината "Спутник V" е ефикасна 95 проценти. Моментално е во третата фаза на клинички испитувања на повеќе од 40.000 доброволци. Русија минатата недела почнала да го вакцинира населението.

АстраЗенека и Оксфорд соопштиле дека нивната вакцина е ефикасна 70 проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг