Трогателна приказна на доброволец од Карабах: Кучето го чека пред болницата додека не оздрави

Точка

05/12/2020

20:00

3.081

Големина на фонт

а а а

Верното куче 20 дена го чека доброволецот повреден во Карабах на вратите на една ереванска болница.

Волонтерот Ромик Ахекјан го спасил своето куче кога шетајќи со пријател во една напуштена зграда го пронашол оковано со ланец.  

Човекот го однел животното во својот камп, го нахранил и излечил. Од тогаш четириножниот пријател не ја напуштил неговата сенка.

"Неколку пати ни го спаси животот. Чувствуваше кога граната оди кон нас. Влегуваше внатре и лаеше. Кога бев ранет, трчаше по возилото на итната помош. И сега остана тука. Кога ќе си одам дома, ќе го земам со мене, не го давам никому", вели Ромик Ахекјан, сопственик на кучето.

Кучето пред болницата е третирано како вистинска атракција, а персоналот го храни додека да излезе неговиот најдобар пријател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг