Нејмар: Никогаш нема да го заборавам гестот на Марадона!

Дерби

03/12/2020

14:38

1.172

Големина на фонт

а а а

Легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона минатата недела почина во Буенос Аирес, па во изминативе денови многу фудбалски имиња се простија од него, му оддадоа почит со одредени потези, но и воедно споделија некои моменти, ситуации од животот со Аргентинецот.

Нејмар немал многу средби и контакти со Марадона, но една засекогаш ќе ја памети и истата одлучи да ја сподели со јавноста како последен поздрав за популарниот Ел Пибе.

- Имав само неколку контакти со Марадона, но никогаш нема да го заборавам оној кога имав 12 или 13 години. Само што започнав во Сантош и отидов да гледам ревијален натпревар помеѓу Бразил и Аргентина – меч меѓу поранешни играчи. Бидејќи автобусот на бразилсккиот тим беше полн, не можев да одам со нив, па тие ме ставија во автобусот на Аргентина. Таму беа истакнати двајца момци, затоа што седеа на првите места: тоа беа [Алехандро] Манкусо и Марадона.

- Ме ставија крај нив и добро се однесуваа кон мене. Толку добро што кога пристигнавме на стадионот ме одведоа во соблекувалната на Аргентина и на теренот. Имам дури и фотографија со Марадона, кога бев мал. Ми кажа да ја направам таа слика. Никогаш нема да го заборавам неговиот гест.

- На теренот тој беше икона за сите. Исто и за мене, ама секогаш го почитував како спортист и како фудбалер. Никогаш тоа нема да го заборавам, - истакна Нејмар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг