Уште една копија: После Јута и Романија, мистериозниот монолит се појави на планина во Калифорнија

Точка

03/12/2020

13:15

3.639

Големина на фонт

а а а

Нов мистериозен монолит сега се појави на врв од планина во Калифорнија. Тоа е трета ваква „мистериозна структура“ која се појави оваа седмица откако претходно беа пронајдени две во американската сојузна држава Јута и во Романија.

Монолитот кој првобитно се појави во Јута го привлече вниманието на целиот свет, набрзо потоа беше отстранет од пустината во американската сојузна држава, за потоа да се појави во Романија, а сега и во Калифорнија.

Новата структура која неодоливо потсетува на познатиот монолит од филмот 2001: A Space Odyssey на Стенли Кјубрик, сега го пронајдоа локални жители на планината Пајн во американската сојузна држава Калифорнија.

Гари Лајонс кој редовно планинари, го забележал и фотографирал монолитот откако случајно ја забележал ктруктурата.

Еко-активисти минатиот петок го срушија монолитот во Јута тврдејќи дека местото набрзо станало туристичка атракција, пристигнувале голем број на луѓе кои зад себе оставале смет и го пореметиле животот на дивите животни.

Засега никој не знае кој ги поставил трите монолити во Јута, Романија и Калифорнија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг