"AFP": Геј забава која ја ослабува моќта на Орбан

Точка

02/12/2020

20:42

1.789

Големина на фонт

а а а

Откривањето дека соработникот близок до унгарскиот премиер Виктор Орбан бил на геј оргија во Брисел, предизвикала ефект на бомба во Унгарија, каде од опозицијата го осудиле лицемерието на властите кои ја критикуваат ЛГБТ заедницата.

Оставката на европратеникот Јозеф Сајер, столб на владејачката партија Фидес, би можела да ја ослабе положбата на Унгарија, која е во судир со Европската унија околу владеењето на правото, оценила агенцијата "France Presse". 

Сајер во вторникот признал дека бил на секс-забавата во центарот на Брисел, која белгиските медиуми ја опишале како оргија со околу 25 голи мажи. Полицијата ја прекинала забавата и ги казнила присутните поради непочитување на мерките воведени против коронавирусот.

"Сајер донесе добра одлука" со повлекувањето и извинувањето, соопштила делегацијата на Фидес во Европскиот парламент. Меѓутоа, унгарската влада не се огласила.

Независниот портал "Telex" пренел дека не ја доведува во прашање приватноста на пратеникот, туку укажува на проблемот со "лагите и непочитувањата". Фидес во Унгарија ги напаѓа лицата со поинаква сексуална ориентација со изговор дека "ја штити нормалноста", додека Сајер убаво си поминува на геј забави во Брисел.

Сајер инаку сака да се претставува како еден од авторите на промените на Уставот од 2011-та година. Во една клаузула во текстот на Уставот се наведува дека "бракот е заедница на маж и жена" и дека владата на тој начин сака да ги брани христијанските вредности.

Непријатност за унгарската влада претставува и фактот дека бриселската полиција кај Сајер пронашла дрога и дека е казнет поради непочитување на санитарните мерки. Тоа го валка моралот Орбан го промовира навела опозицијата.

"Додека политичарите од Фидес ни држат лекции за христијанство и вредности на семејство тие водат сосема познаков живот", рекол поранешниот левичарски премиер Ференц Дјурчан.

"Заминувањето на Сајер, добар познавач на Европскиот парламент во кој седел од 2004-та година, ќе ја ослабе положбата на Орбан", изјавил неименуван унгарски политиколог.

Фидес е постојано на мета на критики од Европските народни партии. Многу пратеници од ЕПП барале и исклучување на таа унгарска партија од групацијата, со образложение дека се оддалечила од нејзините политички насоки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг