Кој вели дека јогата е здодевна? Овие 10 пози одлично може да ги примените во сексот

Точка

02/12/2020

16:07

3.530

Големина на фонт

а а а

Мажите и жените кои што вежбаат јога, докажано се позадоволни со својот сексуален живот, а очигледно дека познатите пози за вежбање во јогата можат да бидат одлична инспирација за нови секс положби и уште повеќе страст.

Вежбањето јога носи многубројни здравствени придобивки, а според истражувањата една од нив е дека таа го подобрува сексуалниот живот, како кај жените така и кај мажите.

Го подигнува квалитетот на сексуалниот живот

Истражувањето кое што било спроведено пред 5 години, меѓу мажите на возраст од 24 до 60 години, покажало дека јогата има позитивни ефекти на сексуалниот живот.

По 12 седмици редовно вежбање јога, испитаниците го оцениле својот сексуален живот како „подобрен“.

Чекор понатаму отишле корејските научници кои што неодамна одлучиле да го испитаат влијанието на јогата врз сексуалниот живот на жените. Во истражувањето биле вклучени 41 жена во доба од 30 до 60 години.

Во споредба со контролната група, испитаничките кои што вежбале јога доживеале значително подобрување во однос на здравствените тегоби: забележан бил пад на нивото на холестерол и шеќер во крвта, како и намалување на притисокот.

Испитаничките исто така го потврдиле влијанието на јогата на подигнување на сексуалното возбудување, зголемена влажност и поголемо задоволство во сексуалниот живот.

Но, очигледно дека тука предностите на јогата во сексуалниот живот не запираат - имено положбата на вежбањето може да биде одлична и за нови секс пози.

Погледнете некои од нив и пронајдете сопствена инспирација: 













Спонзорирани линкови

Маркетинг