3 работи кои според фенг шуи правилата внесуваат негативна енергија во вашиот дом

Точка

02/12/2020

15:15

1.947

Големина на фонт

а а а

Позитивната енергија во домот е клучна за здраво да функционираат сите членови од семејството.

Само три помали промени во домот можат да внесат обилна количина на позитивна енергија и благосостојба. Многу често не сме ниту свесни дека одредени предмети ја одземаат позитивната енергија и го загрозуваат мирот - според правилата на фенг шуи.

Ова се тие работи: 

Празни стаклени тегли


На сите нас ни се случува понекогаш залихите на примарните намирници да ни се потрошат, меѓутоа според фенг шуи тоа не смее да дозволите да ви се случи. Полиците со празни тегли во кујната негативно влијаат на среќата и семејството.

Валкана облека во аголот од собата

Ова е едно од првите правила на кои што фенг шуи експертите предупредуваат кога ќе го забележат во куќата. Иако некогаш најлесно е да ја ставите валканата облека на подот во аголот од собата, треба да знаете дека на тоа место се собира и целата позитивна енергија од домот.

Чевли наредени пред врата


Без оглед на тоа пред која врата од домот се распоредени, чевлите се вистинска „енергерска правосмукалка“, особено доколку се валкани. Најдобро е да ги ставите затворени внатре во некој ормар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг