Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Точка

02/12/2020

14:18

6.066

Големина на фонт

а а а

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија, објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 3,4 степени, по што ја промени информацијата во 3,9 степени.

Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во 14 часот и 9 минути на длабочина од два километри со епицентар на осум километри од Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг