Снежна апокалипса: Вака се живее на рускиот север, не можат да ги најдат автомобилите од снегот! Не престанува да вее

Точка

02/12/2020

09:29

2.066

Големина на фонт

а а а

Во Норилск, во областа на арктичкиот круг, вее снег веќе една недела.

Наврнало толку многу снег како да веело цели два месеци.

Службите за чистење пат не можат да се справат со снежните наноси, исчистени улици може да се забележат дури после 20 минути, поради белината.

Големи проблеми имаат и сопствениците на автомобилите кои едвај можат да ги најдат своите возила во наносите од снег. Толку многу навеал снег, што мештаните, особено децата, едвај се снаоѓаат.

И покрај сè, во Норлиск е прилично топло за нивни услови - само минус 11 степени!

Освен тоа, наскоро ќе започне и поларната ноќ, која ќе заврши на 13-ти јануари. За време на тие 45 денови, бројот на сончеви часови ќе варира секој ден, но сигурно ќе биде прилично темно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг