Кинеската сонда успешно слета на Месечината

Точка

01/12/2020

19:02

1.131

Големина на фонт

а а а

Кинеската истражувачка сонда “Chang’e-5” успешно слета на површината на Месечината каде што, за време на историската мисија на кинеската вселенска агенција, ќе собира примероци од тлото и ќе ги врати на Земјата.

Беспилотната кинеска сонда која го носи името на митската кинеска божица на Месечината, беше лансирана на 24-ти ноември, а на Земјата треба да донесе два килограми примероци од тлото од неистражената површина на природниот сателит, наречена „Бурен океан“.

Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, ова ќе им помогне на научниците да го проучат потеклото на Месечината.

После приземјувањето на Месечината, лунарното возило самостојно, со роботизирана рака ќе собира примероци од тлото и ќе ги стави во капсула, која потоа ќе биде транспортирана на Земјата.

## ##

Капсулата по враќањето треба да слета на територијата на кинеската провинција Внатрешна Монголија.

Доколку мисијата биде успешно завршена, Кина ќе им се приклучи на САД и Советскиот сојуз кои се единствените две земји кои успеале да изведат слична мисија на Месечината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг