Френк Лампард добива супер засилување во одбраната: Челси фаворит за играчот на Баерн

Дерби

01/12/2020

17:57

2.090

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Челси се убедени дека ќе го обезбедат потписот на играчот за кој се заинтересирани сите големи клубови ширум Европа.

Имено, „АС“ пренесува дека Челси во моментов е фаворит за ангажман на играчот на Баерн Минхен и репрезентативец на Австрија, Давид Алаба.

Алаба ќе си оди од баварскиот клуб како слободен агент по крајот на оваа сезона, а веќе во јануари ќе има можност да потпише преддоговор со заинтересираните клубови.

Според „АС“ Челси е подготвен да му излезе во пресрет и на играчот, но и на неговиот агент, Пини Захави кој исто така бара голема сума на пари.

Интересот за Алба е голем, неговата ситуација ја разгледуваат и во Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Јувентус, но како што стојат работите тој кариерата ќе ја продолжи на „Стемфорд Бриџ“.

Лампард планира да го игра Алаба како стопер кој ќе ја покрива левата стоперска позиција, додека на лев бек ќе си остане Бен Чилвел кој пристигна во клубот во летниот преоден рок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг