Honda го претстави освежениот CR-V

Точка

30/11/2020

20:40

1.442

Големина на фонт

а а а

Обновениот модел пристигнува со неколку технолошки подобрувања, но и натаму е на хибриден погон што е одлична вест.

Најголеми промени претрпе внатрешноста на автомобилот, посебно кога станува збор за централната конзола и вратите, а EX моделот ќе има и бежична станица за полнење на паметни телефони.

Промените кај екстериерот се посуптилни, а вклучуваат 18-инчни фелни, затемнети стакла, сино лого на Honda и новата e:HEV ознака.

И покрај ознаката, сепак подобрениот CR-V не го доби новативниот хибриден погон, туку го користи стариот i-MMD систем кој се состои од 2,0-литарскиот четирицилиндарски бензински мотор кој развива 143 коњски сили и два електромотори со помала батерија.

Електричните мотори испорачуваат до 315 Nm максимален обртен момент, а при мали брзини CR-V може да го користи само електричниот погон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг