Познато е што запишал судијата кој го казни Меси поради посветата на Марадона

Дерби

30/11/2020

16:23

4.379

Големина на фонт

а а а

Барселона со квалитетна игра дојде до трите бода во дуелот со Осасуна кој го одбележи Лионел Меси со погодокот и специјалната посвета на неговиот сонародник, големиот Диего Армандо Марадона.

Меси во 73 минута го постигна последниот гол за Барселона на „Камп Ноу“, а истиот го прослави со соблекување на дресот, поточно покажувајќи го вториот дрес под него, оној на Њуелс Олд Бојс, клуб за кој легендарниот Марадона своевремено настапуваше.

За овој потег Аргентинецот доби жолт картон од судијата Матеу Лахоз, картон кој шпанскиот вицешампион ќе го чини 3000 евра. Правилата се такви и важат за сите, па Лахоз си ја заврши својата работа за да сега медиумите откри што тој точно напишал во записникот.

- Во 73 минута играчот со број десет, Меси Кучитини, Лионел Андрес доби жолт картон поради следната причина: За соблекување на дресот откако даде гол, покажувајќи дрес на тимот Њуелс Олд Бојс од сезоната 93/94 со бројот 10, - напишал Матеу кој е познат по својот стил и по тоа што е „лесен“ на картони.

Ова за Меси е трет жолт картон во Примера што значи е се поблиску до бројката од пет по што ќе мора да паузира еден натпревар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг