Одлична вест за вакцината против коронавирусот: Финалното тестирање покажало ефикасност од 94 проценти! Се бара итно одобрение

Точка

30/11/2020

21:13

2.990

Големина на фонт

а а а

Завршено е финалното тестирање на вакцината "Moderna" против Ковид-19, а ова се резултатите.

Според завршните тестирања на вакцината "Moderna" против коронавирусот, оваа вакцина е ефикасна 94 проценти, а никој од оние што ја примиле не развил тешка слика на болест, соопштиле од компанијата. Започнат е процес на регистрација ширум светот. 

Американската компанија ги доставила сите податоци за вакцината до регулаторните тела во САД, Европа и Велика Британија, за што побрзо да добие дозвола. Од компанијата велат дека се очекува Американската Управа за храна и лекови да го разгледа одобрувањето на вакцината на состанокот на 17-ти декември.

Компанијата "Moderna", чие седиште е во Масачусетс, примила 2.48 милијарди долари државни средства, а ако вакцината биде одобрена, првите дози ќе ги добијат САД.

За правење на оваа вакцина користена е нова "mRNA" технологија, што значи дека е користен генетскиот код на вирусот, а не умртвен вирус или некој негов дел. Според ист принцип е направена и вакцината на "Pfizer".

"Moderna" е трета компанија која предала документацијата за регистрација на вакцината, по "Pfizer" и Оксфордската вакцина. Претходно било најавено дека ова вакцина ќе чини меѓу 32 и 37 долари за доза, додека Оксфордската ќе биде значително поевтина - меѓу три и четири долари за доза.

Во последната фаза на испитувањето на вакцината "Moderna" учествувале 30 луѓе во САД, од кои 196 се разболеле. 30 луѓе имале сериозна клиничка слика и едно лице починало, но експертите велат дека никој од нив не ја примил вакцината.

Во испитувањето биле вклучени и најризичните групи, од кои 7.000 луѓе постари од 65 години, повеќе од 5.000 млади луѓе кои имаат хронични болести како дијабетес, дебелина и срцеви болести.

Од компанијата велат дека никој од луѓето кои ја примиле вакцината не развиле сериозни несакани последици, а најчесто се јавувале болки во рацете, главоболка и замор.

"Во анализата нашата вакцина покажа ефикасност од 94,1 проценти во спречување на заразата од Ковид-19, и што е поважно, ефикасност во спречување на јавување на тешка клиничка слика. Веруваме дека нашата вакцина е моќно оружје кое ќе го промени текот на пандемијата и ќе спречи потешки заболувања, хоспитализација и смртни последици", рекол директорот на "Moderna" Стефан Бансел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг