Полицајката од МВР која 'се удри од пајакот' даде отказ: „Ајде да ја решиме дилемата, мојот стаж во МВР заврши“

Точка

30/11/2020

23:30

25.327

Големина на фонт

а а а

Полициската службеничка Јасмина Ангелеска која во јавноста стана позната по инцидентот кој го имаше со висок функционер на ДУИ, кога со пајак возило се обидуваше да го отстрани неговиот автомобил, денеска на социјалните мрежи објави дека си заминува од полициjaта.

Ангелеска воедно сподели и фотографија во униформа, за која вели дека многу ја сакала и ја носела цели 18 години. Во Фејсбук објавата ги објаснува причините за незадоволството од времето поминато во МВР, со силни критики кон самото министерство, системот и старешините.

„Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу ја сакав и ја носев 18 години. Ајде да ја решиме дилемата, мојот стаж во МВР заврши. Јас повеќе не се пронаоѓав таму. Ми нанесоа неправди, зошто така се чуствуваа дека треба старешини во МВР, (очигледно на некого не сум му се насмеала) а не зошто јас придонесов со моето работење. Тие старешини за мене ќе останат партиски послушници кои се на позициите пред сè за личен интерес, а и за пред луѓе, комшии, пријатели, да си ги излечат комплексите кои им се на високо ниво. Да не навлегувам околу нив, ќе треба многу да се пишува, има Господ за нив, нема да ги заборави, што кројат туѓи судбини само за покажување на моќ, а не се свесни колку се немоќни, мизерни, неспособни, неписмени, неподобни“, пишува во долгата објава таа.

Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу...

Posted by Jasmina Angeleska on Недела, 29 ноември 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг