По прекинот на конфликтите и по потпишувањето на примирјето во Нагорно-Карабах, ситуацијата во овој регион и понатаму е предмет на анализа и дискусии.
Видео снимка на која се гледа вандализам од страна на азербејџанските војници именувана како „Азербејџански војници носат мир во испразнетите ерменски домови“, предизвика лавина реакции на Твитер.
Двајца азербејџански војници наводно упаднале во напуштена ерменска куќа. Видеото покажува како тие ја искажале својата најголема можна омраза кон дрвената витрина со стаклени врати, пренесува „Atvbl“.
WATCH: Azerbaijani soldiers started bringing peace into the vacated homes of Artsakh families. pic.twitter.com/6BnkqWg4yd
— ASB News / MILITARY〽️ (@ASBMilitary) November 19, 2020
Азербејџанецот зема столче и повеќепати со сета сила удира во витрината додека целосно не ја уништи, а во демолирањето му се придружува и другиот војник.
Алиев ги повикаа Ерменците да останат во своите домови и рече дека Азербејџанците нема да им наштетат.
Исто така, пред неколку дена азербејџанската војска влегла во регионот Келбаџар, кој е уште една територија која ерменските сили ја отстапија на Баку со договорот за прекин на огнот во Нагорно–Карабах.