Борба со коронавирусот во Австрија: Забележан е рекорден број на починати, но бројката на заразени опаѓа

Точка

28/11/2020

15:30

1.396

Големина на фонт

а а а

Додека со рестриктивните мерки австриската влада успеа да го намали дневниот број на новозаразени, земјата бележи рекордни бројки кога станува збор за починатите како последица од коронавирус.

Во последните 24 часа е забележан нов негативен рекорд, како последица на вирусот починаа 132 лица, со што вкупниот број достигна 3,018. Истовремено, регистрирани се 4,669 нови случаи на коронавирус.

Бројот на хоспитализирани пациенти опадна за 111, а на интензивна нега бројот после подолго време падна на под 700, на 688. Моментално во болниците ширум Австрија има 4,297 лица заразени со коронавирус.


Од почетокот на епидемијата на коронавирусот, во Австрија се регистрирани 275,661 случаи, од кои 210,697 се излекувани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг