Иран ветува одмазда: Ќе се одмаздиме за убиството на нашиот научник во вистинско време

Точка

28/11/2020

16:00

3.172

Големина на фонт

а а а

Врховниот верски лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, порачал дека Иран ќе се одмазди за ликвидацијата на нуклеарниот научник Мохсен Фахризаде, шеф на иранскиот програм за нуклеарно вооружување, но најавил дека нуклеарните истражувања ќе продолжат.

Хамнеи ова соопштение го објавил на својот профил на Твитер, ден откако Фахризаде бил убиен во напад од заседа во близина на иранската престолнина Техеран. 

Се огласил и претседателот на Иран, Хасан Рохани, кој рекол дека ова злосторство нема да остане без одговор.

"Нема ова злосторство да го оставиме без одговор, ќе уследи во вистинско време", рекол Рохани, пренесува "IRIB".

Потсетуваме, во Иран вчера бил убиен нуклеарниот физичар Мохсен Фахризаде, шеф на Организацијата за истражување и иновации при Министерството за одбрана на Иран.

Според наводите на порталот "Times of Israel", научникот го нарекувале "татко на иранските бомби". Медиумите исто така шпекулираат дека Фахризаде бил "шеф на иранската програма за нуклеарно вооружување".

Фахризаде бил професор по физика и офицер во иранската Револуционерна Гарда, пишуваат иранските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг