Скандал ја тресе Германија: Познат политичар на екстремно десничарска партија вмешан во шверц на 36 килограми кокаин

Точка

26/11/2020

20:29

1.616

Големина на фонт

а а а

Би можел да биде осуден на 15 години затвор.

Поранешниот службеник на екстремно десничарската партија "Алтернатива за Германија" е обвинет за вмешаност во шверц на 36 килограми кокаин, соопштиле денес властите. 

Маркус Хофман е обвинет за трговија со дрога и обид за трговија со дрога, а би можел да биде осуден на 15 години затвор, рекол портпаролот на Обвинителството во Бремен, Франк Пасаде.

Хофман, работник на пристаниште во Бременхафен, и уште четири лица наводно преземале кокаин доставен со бродски контејнер во август 2019-та година, а уапсен бил по обидот да преземе уште една пратка три месеци подоцна, пренесуваат тамошните медиуми.

Кога почнала истрагата Хофман од местото претседател на регионалниот огранок на АФД во Куксхафен се повлекол од “лични причини”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг