Албанци "издадени" од сметката за струја: Имале добро разработен криминален план, но невниманието ги чинело скапо

Точка

26/11/2020

16:19

4.319

Големина на фонт

а а а

Украдената струја изнесувала повеќе од милион и пол евра.

Шпанската национална полиција, заедно со холандската и белгиската сојузна полиција и Европол, на основа на огромни сметки за струја запленила повеќе од 34.000 билки марихуана и уапсила 17 лица во низа координирани рации во трите земји. 

Се проценува дека украдената струја која се користела за напојување на дивите засади на затворено изнесувала повеќе од милион и пол евра, се наведува во соопштението на Европол.

Мрежата организиран криминал, која во главно се состои од албански државјани, работела така што лоцирала и опремила згради во мирните делови во предградието на Барселона, и потоа ги користела за масовно производство на марихуана (3-4 берби годишно).

Криминалците го пренасочувале снабдувањето со електрична енергија и вода за илегално да одгледуваа билки на затворено.

Кога ќе се соберела, марихуаната била праќана во Холандија сокриена во палети натоварени во камиони. Криминалците користеле шифрирани средства за комуникација, наведува Европол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг