Прекрасен европски град кој ќе ве маѓепса со своите знаменитости, а во кој кафето чини околу 30, а пивото 50 денари

Точка

26/11/2020

14:06

7.619

Големина на фонт

а а а

Лавов го има еден од најубавите плоштади во тој дел од Европа. Куќите и зградите на тој простор изградени се во различни стилови - од ренесанса до модернизам.

Лавов е град во западна Украина, близу границата со Полска. Лежи на реката Полтва и го зазема првото место во Украина по бројот на зачувани културно-историски споменици, а со својата убавина и широката лепеза на различни градби се истакнува меѓу градовите во средна и источна Европа. Тој е и под заштита на УНЕСКО.

Што да посетите таму?


Поради своите културно-историски споменици тој го има еден од најубавите плоштади во Европа, составен од 44 куќички кои што се изградени во различен стил - од ренесанса до модернизам. Една од најубавите куќи таму е „Црната куќа“ која што е прекрасен пример за ренесансната украинска култура.

На плоштадот се наоѓаат и четири фонтани, скулптури кои што симболизираат митолошки суштества - Нептун, Дијана, Амфитрит и Адонис.

Голем број споменици доминираат и во средишниот дел од градот кој што датира од 16 и 17 век, а многу од историчарите го сметаат за „музеј на отворено“. Севкупната архитектура на градот ја дополнуваат и црквите.

На плоштадот на слободата се наоѓа и Оперскиот театар со останатите девет театри и 60 музеи, а овој град го прават престолнина на културата.


Што да јадете и пиете и какви се цените?

Најпознатото украинско јадење „вареники“ - кнедли т.е. топчиња од тесто без квасец, полнети со пире, кисела зелка, сирење, варени јајца...

Таму има и превкусни украински палачинки од компир „deruny“, пробајте и грузиски „knachapuri“, леб полнет со сирење и јајца.

Во овој град ќе може да се опуштите малку повеќе од останатите популарни туристички дестинации. Цените понекогаш се „смешни“. На пример, пиво може да добиете за 50 денари, а кафе за 30 денари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг