Фон дер Лајен: Унгарија и Полска прават штета на милиони Европејци

Макфакс

26/11/2020

12:17

575

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен им порача на Унгарија и на Полска да престанат да го блокираат усвојувањето на буџетот и фондот за закрепнување и им порача да одат на суд во врска со жалбите поради планот со кој исплатата на пари на ЕУ кон земјите членки се условува со почитување на демократските стандарди и владеењето на правото.

„На тоа место обично се решаваат разликите во мислењата за законодавните текстови, но тоа не се прави на штета на милиони и милиони европски граѓани кои итно чекаат на наша помош“, рече Фон дер Лајен во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент, пренесува порталот „Политико“.

Таа исто така рече дека шемата што ќе ги поврзе исплатата на ЕУ и почитувањето на одредени критериуми на владеењето на правото е соодветна, пропорционална и неопходна.

„Тешко е да се замисли некој да се спротивстави на тоа“, рече Фон дер Лајен.

Лидерите на ЕУ во јули се договорија за историски буџет од 1,8 милијарди евра за да закрепнат од последиците на пандемијата на коронавирус, но Полска и Унгарија го блокираа усвојувањето на буџетот поради новиот механизам што предвидува скратување на средствата на ЕУ за земјите чии влади ги нарушуваат демократските стандарди и владеењето на правото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг