Заев изрази жалење за негативните коментари по скандалозното интервју: „Треба да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет за разбирање и простување“

Точка

26/11/2020

11:54

3.896

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што вчерашното негово интервју за БГНЕС предизвика бурни реакции, за кои вели дека е потполно свесен и ги разбира до детаљ.

„Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детал. 

Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија. Тој наведе дека и во Македонија имало соработници на окупаторите“, напишал Заев на Фејсбук.

Премиерот вели дека нашата државност почива на делата на антифашизмот, а нашата слобода е резултат на антифашизмот.

Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за...

Posted by Zoran Zaev on Thursday, November 26, 2020

„Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет. Но, давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или било кој друг контекст“. 

Премиерот, заедничката историја со Бугарија ја гледа во тоа што според него, во историјата имало луѓе што истовремено се чувствувале и како Македонци и како Бугари.

За отстранувањето на спомен плочите каде пишува „бугарски фашистички окупатор“, Заев вели дека тоа е во согласност со Договорот за пријателство со Бугарија.

„Во дел од плочите каде што пишувало бугарска фашистичка рака, бугарски фашистички куршум е оставено фашистички куршум, фашистичка рака, затоа велиме да не заборавиме, но низ простувањето да внимаваме. Тоа е направено на цела територија на државата, на многу места, најголем дел надлежни се самите општини“, рече Заев.

„Дајте да живееме денес, време е денес да создаваме историја, историја која обезбедува иднина за младите генерации“, повика Заев.

„Не знам дали ќе помогне интервјуто, сакам да му помогнам на мојот македонски народ“, одговори Заев на прашањето дали интервјуто ќе помогне или одмогне во преговорите со Бугарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг