Д-р. Никола Пановски: Ние сме за жал еден експеримент, па резултатите за смртноста од Ковид-19 нормално е да се поразителни

Точка

26/11/2020

09:56

3.721

Големина на фонт

а а а

На почетокот се даваа антималарици, антихив терапија, потоа антикоагуланти, кортикостероиди, ковалесцентна плазма, озонотерапија, антибиотици....Во трката да се победи корона вирусот, од почетокот на епидемијата во земјава, постојано се менува терапијата на пациентите.

Здравствените власти велат дека се постапува исклучиво според насоките и протоколите што ги дава Светската здравствена организација. Но, за жал, Македонија е на 8-то место по смртност во Европа од Ковид-19 и забрзано се искачува по скалилото.

Што не чини, каде се греши, ова е прашање кое секојдневно се поставува. Во однос на лекувањето и терапиите за болните пациенти од корона вирусот, Фактор поразговара со еден од врвните микробиолози во Македонија, д-р. Никола Пановски, кој вели дека ние за жал сме еден експеримент, кој сами си го правиме, заради што и смртноста кај нас е огромна во однос на бројот на насление. Тој досега неколку пати алармираше за неверојатната употреба на антибиотици, како и за комбинацијата на лекарстава кои им се даваат на пациентите, а кои немаат резултати во лекувањето на болеста.

Во однос на антибиотската терапија, посочува дека таа се дава исклучиво кај пациенти кои ќе развијат компликации поради бактериска пневмонија.

- Само ако пациентот има бактериска пневмонија, која се докажува со клинички испитувања, лабораториски испитувања, треба во лекувањето да се вклучат и антибиотици. Но тоа се случува кај еден од 100 пациенти. Не е нормално на секој кој ќе се зарази со корона вирусот веднаш да се препишуваат по два и по три антибиотика и тоа по две дози од секој. На пример, Се пијат само три таблети сумамед, бидејќи овој антибиотик има продолжено дејство. Освен што го намалуваат имунитетот, тие се крајно токсични за организмот. И тоа што сакам да го потенцирам е дека никогаш не се даваат антибиотици со сличен или ист спектар истовремено, тоа нема никаква логика, како што ја прават комбинацијата на сумамед со моксирал. Со прекумерната доза на ваквите лекови, се убиваат и добрите бактерии во организмот, па доколку еден пациент заврши во болница, тој е веднаш подложен на хоспиталните бактерии и неговиот организам не може да се избори. Затоа и имаме поразителни резултати кога станува збор за смртноста во болниците, посочува д-р. Пановски.

Микробиологот смета дека е крајно време здравствените власти да ги преведат насоките, односно протоколите за лекување на пациенти болни од корона вирусот од земјите кои, како што вели успешно се справуваат во борбата против Ковид-19.

Остатокот прочитајте го на Фактор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг