Фон дер Лајен: Короната најголемата причина за смрт во ЕУ минатата недела

Макфакс

25/11/2020

12:29

548

Големина на фонт

а а а

Болеста предизвикана од коронавирус е најголемата причина за смрт во Европската Унија минатата недела и одзема 3.000 животи секој ден, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

„Болниците сè уште се под притисок, а во некои региони единиците за интензивна нега се преоптоварени“, рече Фон дер Лајен пред европратениците во Брисел.

„Иако овој Божик нема да биде нормален и Унијата мора да се спротивстави на поривот прерано да ги ублажи ограничувањата, светлината е видлива на крајот од тунелот, додаде таа.

Таа најави дека европските граѓани можат да ја примат вакцината пред крајот на декември.

Откако неколку производители на вакцини пријавија ветувачки резултати од клиничките испитувања, членките на ЕУ мора да се подготват за дистрибуција на милиони дози, заклучи Фон дер Лаен.

Европската комисија постигна шест договори со најголемите фармацевтски компании во име на 27-те земји членки за набавка на вакцината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг