Азербејџанската војска влезе во Калбаџар: Први снимки од преземањето на регионот кој Ерменците мораа да го напуштат

Точка

25/11/2020

11:56

1.618

Големина на фонт

а а а

Азербејџанската војска навлезе во регионот на Калбаџар, уште една од териториите кои ерменските сили мора да ги отстапат на Азербејџан со договорот за прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

Ерменија требаше овој регион да го предаде на 15-ти ноември, но Баку се согласи преземањето да биде одложено после барањето на Ереван.

Властите на Азербејџан соопштија дека влошените временски услови го отежнале повлекувањето на ерменската армија и цивилите долж единствениот пат кој овој планински регион го поврзува со Ерменија.

Како што соопштија од Министерството за одбрана на Азербејџан, од патиштата морало да бидат отстранети мини.

Договорот за прекин на огнот кој го потпишаа Ерменија, Азербејџан и Русија предвидува Ерменија да отстапи територии на Азербејџан и на некои места надвор од Нагорно-Карабах. Агдамскиот регион беше првата територија која Ерменците ја предадоа во текот на минатата седмица.

По потпишувањето на примирјето, некои Ерменци го напуштија Калбаџар откако претходно ги запалија своите домови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг