Собрала 50.000 евра од донации за лекување, парите ги потрошила „на коцка“, а сега...

Точка

24/11/2020

20:40

6.065

Големина на фонт

а а а

„Во нејзиното тело немаше малигно ткиво, а и двата јајници изгледаа нормално...“.

Затоа што лажела и измамила голем брoј хуманитарни организации и луѓе со големо срце кои што ѝ помогнале да собере пари за да се лечи од канцер, Британката е осудена на затворска казна.

Никол Елкабас (42) тврдела дека има канцер на јајниците и собрала 50.000 евра од донации, а сите тие пари ги потрошила на коцкарски долгови и карти за фудбалски натпревари.

Никол ја покренала „GoFundMe“ кампањата во која што се преправала дека е заболена од канцер. Кога била во болница поради операција на жолчката, направила фотографија која што подоцна ја искористила во својата измама со која што собрала над 50.000 евра.

Таа покренала онјалн кампања „На Никол ѝ е потребна помош за лечење“ во која што се преправала дека пишува нејзината мајка која што се грижи за својата болна ќерка.

Но, всушност таа самата себе си се опишала како прекрасна ќерка која што и самата таа е прекрасна мајка. Секако, ништо од тоа не било точно, како и информацијата дека таа воопшто боледувала од канцер на јајниците.

„Во нејзиното тело немаше малигно ткиво, а и двата јајника изгледаа нормално“, изјавил во своето сведочење на суд докторот кој што ја прегледувал.

Никол подоцна признала дека е зависна од коцкање и дека во текот на 2018-та година на пороци потрошила повеќе од 70.000 евра.

Парите кои што ги стекнала со помош на измамата ги искористила да ги врати долговите, но и да оди на фудбалски натпревари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг