(Вознемирувачка содржина) Морбидни фотографии од битолската болница: На два кревети примаат инфузија, а до нив лежат мртви тела

Точка

24/11/2020

16:47

10.412

Големина на фонт

а а а

На Фејсбук кружат фотографии објавени од профилот Васко Белески, на кои што јасно се гледа дека до пациентите кои примаат инфузија, лежат мртви тела.

Имено, двајцата починати пациенти се покриени со чаршаф, а тие се во истата просторија со двајцата живи пациенти кои примаат инфузија.


Според објавата, овие фотографии се направени во битолската болница, а во истата се бара оставка од Филипче.

„Овие фотографии се направени во болница во Битола. Од четири кревети, двајца примаат инфузија, на другите два кревети има два лешеви. Под итно оставка на министерот Филипче заедно со Заев. Полошото тек доаѓа“, пишува во описот на фотографијата.


Откако објавата со брзина на светлината се прошири на интернет, „Слободен печат“ објави дека ја исконтактирале директорката на Клиничката болница Битола, д-р Билјана Гагачовска.

Директорката потврдува дека навистина ова се случило вчера во болницата во која раководи, но дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. Таа тврди дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница, пренесува „Слободен печат“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг