„Медиапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Макфакс

24/11/2020

11:19

2.506

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот сајт „Медиапул“ објави прашања до бугарската влада кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето“.

1. Зошто Бугарија го предложи контроверзниот бизнисмен Јордан (Орце) Камчев за свој почесен конзул во Скопје и со тоа се поврза со корупциските скандали кои го тресат западниот сосед. Прво Владата тивко го предложи најбогатиот Македонец за конзул, а потоа на истиот начин се откажа од неговата кандидатура, без да даде објаснување. Според локалните медиуми, Бугарија се обидела да го „спаси“ Камчев од истрагата, а потоа дури и му дала обезбедување.

2. Зошто Бугарија не покажа конзистентна политика и не го покрена прашањето за јазикот на омраза и кражба на историјата пред да се приклучи Северна Македонија во НАТО на почетокот на оваа година? Така, Софија дозволи нерешените билатерални прашања да влијаат на Алијансата. Нешто што стана исклучително видливо кога се зборува за бугарското блокирање на преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во Европската унија.

3. Зошто владата дозволи да се потпише Договорот за соседство со Скопје иако претходно беше критикуван од експерти и од пратеници поради недостаток на контролни механизми? Дали Министерството за надворешни работи има доволно подготвени експерти за Северна Македонија за да формулираат јасни позиции (вклучително и без фактички грешки)?

4. Како беа избрани членовите на историската комисија од бугарска страна и зошто владата ги изолираше поумерените историчари и јавни личности од формирањето на бугарската позиција ?

5. Зошто премиерот го препушти дијалогот со Скопје на министерот за одбрана Красимир Каракачанов, чиј ресор како заменик-премиер не е надворешна политика и дали тој не му направи услуга во предизборни цели?

6. Дали Бугарија ја потцени темата, покажувајќи последните три години неконзистентна политика кон Северна Македонија, вклучително и несогласување во тонот меѓу министрите и премиерот?

7. Зошто беше дозволено Бугарија да се најде во европска изолација? Бугарија очекуваше дека нејзините барања ќе се вклучат во преговарачката рамка на Северна Македонија, но тоа не се случи, иако другите земји-членки беа свесни за желбата на Софија. Партнерите во ЕУ не ги разбираат бугарските мотиви за вето, особено поради фактот дека Софија беше главниот поддржувач на европската перспектива на регионот и ја направи оваа кауза приоритет на своето прво претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.

8. Дали бугарската влада стана „сојузник“ со проруската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која ги користи билатерални односи против владата на Зоран Заев и во голем степен е одговорна за јазикот на омраза кон Бугарија?

9. Дали постои стратегија во бугарската Влада за да се поправи штетата во однос на довербата и односот на обичните македонски граѓани кон Бугарија?

10. Зошто Бугарија си дозволи да се претвори во „нова Грција“ за Северна Македонија, а Атина да го чува нивното небо и да нарачува вакцини на европско ниво за оваа држава?



Спонзорирани линкови

Маркетинг