Не можат да постигнат: Предвиден е недостиг на Xbox Series X конзоли до април идната година

Точка

23/11/2020

18:22

1.411

Големина на фонт

а а а

Се уште не се знае колку Xbox Series X конзоли се продадени во текот на изминатите десетина дена откако започна продажбата, но веќе е јасно дека понудата нема да може да ја „издржи“ големата побарувачка.

Директорот на Microsoft, Тим Стјуарт изјави дека се очекува недостиг од Series X конзолите на Xbox дури до април 2021-ва година.

Иако засега не е познат бројот на досега продадени вакви конзоли, од компанијата се пофалија дека станува збор за „најуспешното лансирање на гејминг конзола на сите времиња“.


За Microsoft ова се секако одлични вести затоа што компанијата воопшто не треба да биде загрижена за финансиите, но фановите на гејминг конзолата кои веројатно нема да успеат да ја набават во пресрет на Божиќните празници сигурно нема да бидат задоволни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг