За овој случај се расправало и во парламентот: Казнет бидејќи јадел бурек без маска, бурекчилницата се нуди да ја плати казната

Точка

21/11/2020

16:29

4.684

Големина на фонт

а а а

Една бурекчилница во Љубљана ветила дека на доставувачот на храна, казнет бидејќи во време на епидемија јадел во јавен простор, ќе му го покрие трошоците ако се докаже дека го јадел нивниот популарен бурек со сирење.

"Го бараме славниот доставувач на храна кој минатата недела во Љубљана платил казна поради консумирање на храна на скали пред Фрањевачката црква. Планираме го прашаме од каде го купил бурекот. Ако го купил кај нас, ќе му помогнеме и ќе ја платиме казната", објавила бурекчилницата. 

Случајот со анонимниот доставувач на храна, кој е казнет со 400 евра бидејќи во време на "локдаун" во центарот на Љубљана, на паузата седнал и ја снимал маската за набрзина да го изеде утринскиот оброк, станал социјален настан, но и вистински политички театар откако фотографија од тој настан станала вирална на социјалните мрежи.

POZOR: Smo probali najti fanta, ki je dobil kazen ker je jedel burek, a žal neuspešno😞. Če je jedel naš burek, naj nas...

Posted by Burek Olimpija on Thursday, 19 November 2020

За овој случај се расправало и во парламентот.

Опозицијата споменатиот случај го земала како илустрација за тврдењата дека некои од преземените мерки против коронавирусот се апсурдни и претерани, а полицијата тврди дека казната е оправдана бидејќи прекршителот на носел маска на отворено, како што е пропишано.




Спонзорирани линкови

Маркетинг