Заев за "France Presse": Прашањата за македонскиот идентитет се „црвена линија“, потегот на Бугарија предизвика многу горчина кај нас

Точка

21/11/2020

14:15

3.592

Големина на фонт

а а а

Насловот кој денеска го објави "France Presse" по интервјуто со македонскиот премиер Зоран Заев гласи: "Многу горчина: Премиерот на Северна Македонија жали за блокадата на Бугарија во ЕУ".

Зоран Заев за францускиот дневник изјави дека источниот сосед му приредил непријатно изненадување. 

Заев, меѓу другото, потсетил на компромисот со Грција околу промената на името, и рекол дека е разочаран од Европа во целост, бидејќи не покажала ни дел од своите европски вредности.

"Покажавме колку веруваме во европските вредности и сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности, тие не беа таму".

"АФП", објаснувајќи го потегот на Бугарија, пишува дека оваа земја сака Македонија да ги признае бугарските корени на македонскиот јазик, пред да дозволи понатамошна интеграција во Европската унија.

Заев прашањето за идентитет го нарекол "минување на црвената линија".

"Блокадата на Бугарија за соништата на Северна Македонија за влез во Европската унија е спротивна на вредностите на блокот и предизвика многу горчина кај нас. Секое прашање на македонскиот идентитет е "црвена линија", рекол Заев.

"Тоа е прашање на самоопределување, што е во срцето на европскиот проект. Постои апсурдност во целиот проблем", додал премиерот.

Заев на крајот додал дека верува во европските вредности, можеби и многу повеќе од некои поединци во ЕУ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг