Во серијата која што руши рекорди на „Netflix“ ќе се појави еден од најдобрите актери на Балканот

Точка

21/11/2020

13:14

7.762

Големина на фонт

а а а

Продуцентот на серијата „Stranger Things“ објави дека во четвртата сезона ангажирале осум нови актери.

Фановите од Балканот се воодушевени од веста дека меѓу нив ќе биде и актерот Никола Ѓуричко кој што ќе ја толкува улогата на рускиот криумчар кој што сака црн хумор, пари, путер од кикирики.

Уште одамна почна да се шпекулира за неговиот голем успех:

„Не смеам ништо да откривам, никакви детали затоа што сум под тежок договор, освен да се пофалам дека работам. Не смеам ниту на мојата родена мајка да ѝ раскажам. Можам да кажам дека улогата е пристојна, средна, не е ниту најмала на светот, но ниту огромна“, изјавил тој.


„Убава е и впечатлива, маркантна, ми одговара мене и на мојот сензибилитет, на мојата палета на издржливост и можности“, додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг