Пере од „Нокаут“ по трет пат стана татко: „Со љубов против сите зла. Михаела и Каја добија сестра“

Точка

21/11/2020

12:30

2.372

Големина на фонт

а а а

Успешниот македонски пејач, Никола Перевски - Пере од групата Нокаут, по трет пат стана татко.

Оваа прекрасна вест беше споделена на социјалните мрежи, со поставена фотографија од мекици со порака дека Пере добил ќерка, а неговиот брат по трет пат станал чичко, а името кое што ѝ го дадоа на ќеркичката е Софиа.

Ова е објавата:


„Мекицииииии!!! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата 3та ќерка со својата љубов Јована! Моите внуки Михаела и Каја добија сестра! Моите деца добија братучетка!

Јас пак по трет пат сум горд чичко!

А светот? Светот ја доби Софиа Перевска!

Со љубов против сите зла“.

Инаку, Пере со својата сопруга Јована веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и Каја (13).

Честитки до Пере и неговото семејство за нивната ќерка Софиа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг